Храна и Пијалаци рецепт

Пролетна супа од коприва

Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното.

Пролетна супа од коприва

Копривата е природно, непрскано растение кое е богато со железо и многу други минерали и витамини треба да биде вклучено во нашата исхрана што е можно повеќе.

Оваа здрава и едноставна супа е еден начин на кој можете да ја консумирате…

Состојки:

500 грама млади врвови од коприва
2 чешниња лук
1 пиперка
малку масло
2 лажици брашно
1 коцка супа (зеленчукова)
2 литри вода
2 јајца
мелен бибер и сув зеленчук
за сервирање павлака

Подготовка:

Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното.

Додадете ја исецканата коприва и пропржете ја да омекне, прелијте со вода и додадете коцка супа и зачини и гответе полупокриено околу 20 минути.

Изматете ги јајцата со вилушка и измешајте, послужете со павлака.

To top