Хроника МВР

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација

По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираа од МВР.

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација

Млад скопјанец бил лишен од слобода рано изутрина, откако во возилото што тој го управувал, пронајдени биле производи без документација.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска околу 1:10 часот на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од ПО – Мирковци го лишиле од слобода А.И., 22-годишен скопјанец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од КЗ.

– При преглед на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, пронајдени се голема количина производи без документација. По документирање на случајот, против А.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – информираа од МВР.

Лишен од слобода скопјанец поради криумчарење производи, следува кривична пријава

На 07.04.2026 околу 01:10 часот на…

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Tuesday, April 7, 2026

To top