Лидерот на Премиерлигата, Арсенал се обиде во своите редови за следните сезони да го донесе играчот на Барселона Дани Олмо.
Но, шпанскиот репрезентативец и покрај скромната минутажа во каталонскиот клуб нема намера да ги менува клупските бои, пренесуваат каталонските медиуми.
Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надеваше дека ќе успее да го донесе Олмо, но 27-годишниот фудбалер сепак реши да остане во Барселона до 2030 година.
Во своите редови Олмо го посакуваше и Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, но шпанскиот фудбалер ја одби и таа понуда.