Скопје безбедноста на граѓаните

Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција

На состанокот присуствуваа претставници од МВР, СВР Скопје, командирите на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево.

Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција

Општина Кисела Вода ја одржа втората седница на Локалниот совет за превенција, на која се разгледуваа предлог-активностите за Програмата за работа за периодот 2026-2027 година. Главниот фокус на средбата беше ставен врз безбедноста на граѓаните и продлабочување на меѓуинституционалната соработка.


Општина Кисела Вода

На состанокот присуствуваа претставници од МВР, СВР Скопје, командирите на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево. Свој придонес дадоа и претставници од министерствата за правда, транспорт и врски, култура и туризам, животна средина, образование и социјална политика, како и претставници од ОБСЕ, Основното јавно обвинителство, Центарот за социјална работа, директори на училишта, инспектори и претставници од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), со кој Општината има потпишано меморандум за соработка.

Општина Кисела Вода

-Безбедноста на нашите сограѓани е врвен приоритет кој бара будност и постојана координација помеѓу сите чинители. Преку Локалниот совет за превенција, создаваме заедничка платформа каде полицијата, образовниот систем, социјалните служби и граѓанскиот сектор работат како еден механизам. Со новата програма за 2026-2027 година, ги прецизираме чекорите за јакнење на меѓусебната доверба и превентивно делување против сите форми на ризик и насилство, со цел Кисела Вода да остане сигурно место за живеење за секое семејство – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести од Скопје

To top