Македонија Временска прогноза

УХМР со лоши вести за Велигден: Утре сончево и топло, од среда пресврт со дожд и снег на планините

Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.

УХМР со лоши вести за Велигден: Утре сончево и топло, од среда пресврт со дожд и снег на планините

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од среда и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток температурите ќе бидат во позначително опаѓање.

Најнови вести од Македонија

To top