Нов ден, нова правописна мизерија во СДС.
„Штанцањето“ инфантилни соопштенија стокмени ѓоамити на „брза лента“ на Бихаќка резултираше со нови „сакам кажам, не знам речам“ искази на партијата на заминување.
Затоа, со „гугл-транслејтот“ од српските повраќаници на Башановиќ и Шчекиќ веќе станува проблем да ги разберете ајваните. И денеска, ќе ви треба малку време за да сфатите што сакале наапаните автори да кажат.
Еве ја првата речиница од нивното денешно, 5-то по ред од утрината, соопштение:
„Араманта е состојбата во земјоделието, земјоделците се оставени сами, на раб на егзистенција.“
Сфативте, не сте од СДС па да се мислите, нели?
Сепак, во нивната „АРАМАНТА е состојбата“ недостигаат повеќе букви за да биде АЛАРМАНТНА, малку преголем превид за секој друг граѓанин на оваа земја, но не и за палавковците од Бихаќка.
Постојат две обjаснувања за неологизмот на СДС.
Прво. Можеби, некој бил многу гладен.
Второ, некој повторно го конзумирал „иљачот“ на Јон, па така „хај“, му било сеедно.
Не му било АЛАРМАНТНО. Тогаш, се’ им било ОК, рамно, не па АРАМАНТНО…

