Лесно и вкусно..
Состојки:
6 големи печурки
2 средни домати
50 грама моцарела
1 лажица ситно рендан пармезан
1 лажица маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
1 китка свеж магдонос
сол, црн пипер
Подготовка:
Исчистете ги печурките и одвојте ги капите од стеблата. Ставете ги капите настрана. Исецкајте ги стеблата и пржете ги во малку масло. Оставете да се изладат. Измијте ги доматите и исецкајте ги на коцки. Истурете ги коцките во сад. Потоа исецкајте ја моцарелата на коцки и додадете ја на доматите.
Измијте го магдоносот и исецкајте го ситно. Додадете го во доматите и моцарелата. Вклучете ја рерната на 180 степени за малку да се загрее. Подгответе сад за печење или керамички плех за печење.
Додадете ги пржените парчиња стебла, сега ладни, во садот со доматите. Потоа зачинете со маслиново масло, балсамико оцет, сол и црн пипер. Нежно измешајте сè со лажица и наполнете ги капите од печурките.
Наредете ги во плехот за печење и печете на 180 степени 15 минути.