Познати една од најубавите жени во Холивуд

ФОТО: Витка линија и жолто бикини, Шарлиз Терон (50) им пркоси на годините

ФОТО: Витка линија и жолто бикини, Шарлиз Терон (50) им пркоси на годините

Актерката и продуцентка Шарлиз Терон (50) моментално ужива во својот одмор на Хаваи, а новите фотографии од нејзиниот младешки изглед и беспрекорна фигура ги воодушевија многу обожаватели.

На фотографиите се гледа како добитничката на Оскар шета по плажа, влегува во морето и ужива во сонцето, облечена во едноставно жолто бикини. Со очила за сонце и лежерна фризура, Терон покажа природен изглед.

Многумина истакнуваат дека Терон, која во август полни 51 година, изгледа исто толку импресивно како и на почетокот на својата кариера, а некои дури тврдат дека е подобра.

Шарлиз долго време се смета за една од најубавите жени во Холивуд, а освен плодната кариера, таа е позната и по својот здрав начин на живот, редовни тренинзи и активности на отворено.

To top