Познати

ФОТО: Чиста десетка за најдобро облечената жена во светот, Кејт Мидлтон остави силен впечаток за Велигден

ФОТО: Чиста десетка за најдобро облечената жена во светот, Кејт Мидлтон остави силен впечаток за Велигден

Кејт Мидлтон и нејзиното семејство денеска во Виндзор присуствуваат на миса во црквата „Свети Ѓорѓи“ по повод Велигден.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, заедно со нејзиниот сопруг Вилијам и нивните деца, принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, присуствуваа на мисата по повод Велигден и оставија силен впечаток по повод овој настан.

Facebook / The Royal Family

Како и обично, секое појавување на убавата принцеза, која неодамна го победи ракот, го привлекува вниманието на целиот свет, а со оглед на тоа што беше прогласена и за најдобро облечена жена за 2025 година, не е изненадувачки што и овој пат таа воодушеви со модната комбинација.

Кејт го комбинираше кремастиот сет составен од подолго здолниште и струкирано сако со струк со детали во иста боја и малку потемно кафени салонки.

Facebook / The Royal Family

Остатокот од семејството беше исто така елегантно и стилски, а принцезата Шарлот уште еднаш покажа дека е достоен наследник на нејзината мајка кога станува збор за мода.

Машкиот дел од кралското семејство се одлучи за темни костуми.

To top