Познати

Џиџи Хадид за поврзаноста со Епштајн: „Никогаш не сум го запознала тоа чудовиште“

Името на Џиџи Хадид се појави во објавени документи поврзани со Џефри Епштајн. Манекенката одлучи јавно да излезе и да се огласи за целиот случај.

Џиџи Хадид за поврзаноста со Епштајн: „Никогаш не сум го запознала тоа чудовиште“

Џиџи Хадид, една од најпрепознатливите модели во светот, се најде во центарот на вниманието откако нејзиното име се појави во документи поврзани со истрагата на ФБИ за случајот со Џефри Епштајн.

По бројните коментари од обожавателите на Инстаграм, кои ја критикуваа што не проговорила за објавените информации, Хадид одлучи да се огласи.

– Страшно е да се чита како некој што никогаш не сте го запознале зборува за вас на тој начин. Особено во овој контекст. Никогаш во животот не сум го сретнала ова чудовиште – ми беше повеќе од очигледно дека во тој синџир на е-пошта се обидувал да ги земе заслугите за кариерите на луѓето за да ги манипулира своите жртви (во овој случај, сите што му праќале прашања за мојата кариера)… кои никогаш не ја добиле работата што наводно ја добил, вели Хадид.

Џиџи Хадид додаде дека претходно не коментирала за случајот за да не го одвлече вниманието од приказните за вистинските жртви на злосторствата на Џефри Епштајн, но по коментарите на социјалните мрежи, одлучила дека сепак треба да проговори.

– Не коментирав бидејќи не сакав да ја намалам важноста на приказните за вистинските жртви на овој случај, но вашиот коментар ми покажа дека можеби не е јасно – додаде моделот како одговор на еден обожавател.

Џиџи Хадид, исто така, објасни какви биле почетоците на нејзината кариера во модната индустрија. Таа истакна дека таа и нејзината сестра Бела Хадид самостојно аплицирале во модни агенции и дека нејзината мајка лично ја водела на состаноци со агенции во Њујорк непосредно пред нејзиниот 18-ти роденден. Хадид нагласи дека потпишала договор со IMG Models во 2012 година и дека оттогаш работи напорно секој ден.

Имињата на Џиџи и нејзината сестра Бела Хадид се појавија во е-пораките од декември 2015 година објавени од Министерството за правда согласно Законот за транспарентност на досиејата Епштајн. Во преписката, анонимно лице го прашало Џефри Епштајн како е можно сестрите Хадид да станат модели и да постигнат финансиски успех. Епштајн наводно одговорил дека тоа е затоа што „следеле наредби, толку е едноставно“. Кога лицето што прашувало сугерирало дека нивниот татко ја платил агенцијата, Епштајн го негирал тоа.

Џиџи Хадид нагласи дека е исклучително вознемирувачко за неа што нејзиното име се наоѓа во тие документи, бидејќи во тоа време имала околу 20-21 година. Таа истакна дека никогаш немала никаква врска со Џефри Епштајн.

To top