Вардар повторно е на првата позиција на табелата во ПМФЛ.
Во дуелот од 25.коло, Вардар ја победи Македонија Ѓорче Петров со 5-1.
Во 31.минута по акцијата на Хоаким Торес неговиот удар го одбрани гостинскиот голман Јанков, но на одбиената топка на вистинското место се најде Дарко Велковски.
Пет минути подоцна Кабаркас заработи директен црвен картон, па гостите до крајот играат со фудбалер помалку.
Домаќините тоа го казнија веќе во 42.минута кога Уругваецот, Диего Кастанада зголеми на 2-0.
Во вториот дел (61.минута), Аргентинецот, Хоакин Торез зголеми на 3-0, а Велковски (61) со својот втор гол на 4-0.
Гостите од Ѓорче намалија на 4-1 преку Галевски (71)., а конечните 5-1 за Вардар ги постави Торес (75) кој исто така впиша два гола за себе.
Вардарци го искористија киксот на ривалот Шкендија која загуби од Пелистер, па сега Вардар е сам на врвот со три бодови повеќе.