Фудбалерите на Пелистер направија големо изненадување во Тетово, совладувајќи го шампионот Шкендија.
Во дуелот од 23-тото коло Пелистер славеше над Шкендија со 1:2, со што ја прекинаа низата без победи, воено и низата без порази на тетовци.
Во првиот дел два гола, по еден на двете страни и тоа како и на последниот дуел одигран во Битола.
И на овој во Тетово, пелистерци поведоа со погодокот на Стефан Спировски во 36.минута. Израмни Бесарт Ибраими во 43-тата минута.
Во вториот дел, гостинскиот голман Јовчевски правеше вистински чуда и до „лудило“ ги доведуваше напаѓачите и навивачите на Шкендија. Тамба во два-триу наврати, Ибраими се обидоа да го совладаат битолскиот голман, но Јовчевски имаше фантастични интервенции.
Казната за пропуштеното на тетовци дојде во судиското дополнение (90+3) кога Керим погоди за победа на Пелистер со 1:2.
На оваа победа на Пелистер се радуваа и нивните вечни ривали, фудбалерите на Вардар.
Тие попладнево ќе го игра дуелот со Македонија ЃП, а со победа повторно Вардар ќе се врати сам на врвот на табелата.
Таму вардарци во моментов се со ист број на бодови како и Шкендија со по 58. Пелистер сега е на деветтата позиција во 25 бода, два повеќе од Македонија Ѓорче Петров.