Од 15.55 часот се прекинува водоснабдувањето за дел од корисниците во населба Водно, поради скината цевка од страна на фирма на ул.„Партенија Зографски“ 31А во населбата.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, без вода ќе бидат корисниците од две куќи од истата улица, дел од ул. „Белградска“, прва зона Пржино и Хематологија и Трансфузиологија од Клиничкиот центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.