Македонија ќе го исклучи ли венко и стево?

Пендаровски бара смена во СДСМ (ВИДЕО)

СДСМ не успеа да го канализира објективното опозиционо расположение кај граѓаните, смета Пендаровски.

Пендаровски бара смена во СДСМ (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски испрати јасна порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на сериозен раскрсник и дека без длабоки промени може да се соочи со понатамошен пад, па дури и со политичка маргинализација.

Пендаровски во изјавата оценува дека актуелната политичка состојба покажува парадокс – иако владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го изгубила дел од традиционалната поддршка, СДСМ не успеала да го искористи тоа и да го канализира опозиционото расположение кај гласачите.

-Кога не успеавте тоа да го направите, рецептите се јасни – или ја менувате политичката стратегија и пристапот кон граѓаните, или носите нови луѓе кои ќе знаат да допрат до различни слоеви од гласачкото тело – вели Пендаровски.

Со ова, поранешниот претседател директно укажува дека проблемот не е во комуникацијата, туку во суштината на политичкото делување – односно во стратегијата, кадровската поставеност и начинот на кој партијата се обраќа до јавноста.

Пендаровски предупредува дека со актуелниот тренд на пад на поддршката, СДСМ може да се соочи со уште полош резултат на следните избори.

-Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување или да влезе во статистичка маргина на грешка – вели тој.

Ваквите ставови доаѓаат како силен сигнал од висок функционер и поранешен шеф на државата, кој и самиот произлегува од редовите на СДСМ, што дополнително ја нагласува тежината на пораката – дека потребата од промени не е само критика однадвор, туку доаѓа и одвнатре.

Најнови вести од Македонија

To top