Останати спортови

Мартин Брандл: Макс, досаден си веќе!

Мартин Брандл: Макс, досаден си веќе!

Макс Верстапен сè повеќе излегува во јавноста со приказната дека нема да биде дел од карванот на Формула 1 уште долго. Четирикратниот светски шампион стана уште поогорчен по воведувањето на новите болиди, каде што неговиот Ред бул во моментов е целосно неконкурентен.

Поранешниот возач Мартин Брандл проговори за изјавите на холандскиот ас.

– Макс постојано вели: „Наскоро ќе си одам“, „Нема да возам до 40 години“ и слични работи во последно време. Стана здодевен. Или оди си или не зборувај за тоа – истакна Британецот.

Брандл вели дека Формула 1 може да се справи без кој било.

– Ги имаме одличните Антонели, Берман, Линдблад, кои возат за 1 процент од парите на Макс. Спортот и животот продолжуваат понатаму. Ќе ни недостигаат неговиот талент, неговата неверојатна агресија, но Формула 1 опстојува дури и по многу одлични возачи. Ќе продолжи да постои и по Макс – истакна Брандл.

Во својата кариера, Брандл возеше на 165 трки од Формула 1, а му беше и тимски колега на Михаел Шумахер во Бенетон.

To top