Теа Таировиќ, неодамна сними музички спот за дуетска песна наречена „Шамар“ со пејачот Дадо Полумента. Видеото е снимено во Софија, а песната се заканува да стане вистински летен хит.
Несомнено е дека музичкиот спот за „Шамар“, во кој Теа и Дадо се главните актери, ќе привлече посебно внимание, а имаат исклучително добри сцени. Една од нив дефинитивно е онаа каде што Теа стои на масата, додека Дадо е од другата страна.
Да потсетиме, Теа неодамна откри дека таа ги направила текстот и музиката за оваа нумера.
-Некако спонтано, разговаравме за тој дует и во исто време се сетивме дека треба да снимиме дует и почнавме да бараме песна. Оваа мелодија и овој текст ми паднаа на памет, и некако оди со неа… Се познаваме долго време, имавме два големи концерти заедно. Ќе се видиме во Подгорица на четврти април, а Дадо ќе биде гостин и премиерно ќе ја изведеме песната „Шамар“, откри Теа.