Француската влада планира значително зголемување на резервите од ракети и дронови, во рамки на новиот закон за воено планирање. Целта е до 2030 година арсеналот одредени видови муниција и беспилотни летала да се зголеми до 400 отсто.
Нацрт-законот што треба да биде објавен наредната седмица предвидува 8,5 милијарди евра за набавка на дронови и ракети и воспоставување повеќегодишен рамковен план за купување и развој на оружје.
Зголемувањето се однесува на набавка на дополнителен број офанзивни дронови, за 240 проценти зголемување на резервите од наведуваните бомби „AASM Hamer“, како и за 30 проценти зголемување на арсеналот противавионски ракети „Aster“ и „Mica“.
Францускиот премиер Себастијан Лекорно истакна дека итната потреба од муниција е особено видлива поради конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, кои покажале колку е интензивна потрошувачката во воени околности.
Нацрт-документот во кој увид имал бриселски „Политико“ проектира вкупни расходи за одбрана од 63,3 милијарди евра наредната до 76,3 милијарди евра во 2030 година.
Експертите оценуваат дека планот ја покажува фокусираноста на Париз врз подготовки за „воена економија“ и зголемување на залихите муниција, додека проширувањето на вооружените сили е оставено за после претседателските избори закажани за наредната година.