Социјалните мрежи горат по вчерашното интервју на првиот човек на СДС, некогаш државотворна, а сега марихуанотворна партија која е заецементирана на третото место, со голем потенцијал и афинитет да стане четврта, петта, па и бааги подолу. Неминовни се асоцијациите на кажаното на Венко Филипче со актуелните случувања и скандали во неговата партија, паралели кои си доаѓаат сами по себе. „Си повлеквит, пустоно“, велат за истото охриѓани…
Особено интересна и малтене урнебеска за македонските граѓани е изјавата на Филипче: „БИЛО ШТО БИЛО, ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ЦРТА, ЛИНИЈА И ДА СЕ НАПРАВИ ЧЕКОРОТ НАПРЕД!“, каде „лидерот“ зборува за инфантилното, бескомпромисно и „без пардон“ прифаќање на бугарските ултиматуми, чин кој е навредлив и понижувачки за секој вистински Македонец.
Арно ама, ова не ги загрижи, туку, напротив, ги насмеја граѓаните.
Виновник за истото е повторно, кој друг ако не „лидерот“ и неговото најблиско опкружување, кое самиот си го создава.
Имено, имајќи го предвид новиот имиџ на СДС, слика која ја наметна токму Венко со изборот на врхушката, како и неспорниот факт дека негова прва пушка стана Јон Фрчкоски познат кај народот под прекарот Шмрчко, споменувањето на „ПОВЛЕКУВАЊЕ ЛИНИИ“, или ЦРТИ, асоцира само на едни и единствени БЕЛИ ЛИНИИ кои нивниот член на ИО самиот призна дека ги „тегнел“, т.е. народски кажано „шмркал“ по бироата на работното место каде директорувал.
Неминовна асоцијација, која ги предизвика следните коментари:
-Ти колку повлече пред да тресеш вакви НЕВИДЕНИ зелени?!
-Брат… лом напраен отишол у емисија и ова го кажа?
НЕВЕРОВАТНО
-Ту, ту, барем за влечење линии го бива…
-Венко, сам себе го убивал.
–Шмркатори од сите земји, обединете се. Околу СДС…
Партија со доверба во рамки на статистичка грешка, чија надворешна политика ја води лик кој не знае што значи НАТО, аналитиката има ја прави човек-правосмукалка, генерален секретар кој никој не знае како се вика и демек-лидер со 3,6% (а, била – а, не била доверба) кому гласчето на секое следно интервју се повеќе му трепери.
Туку, каде е вистинскиот, црпнат лидер? Чуму не е во Македонија?
Онака, за ДРУГАРЧЕ прашуваме…
