Најмалку 12 лица се повредени во денешните украински напади со дронови извршени врз Белгородската област, соопшти началникот на областа Вјачеслав Гладков.
Тој на платформата „Макс“ објави дека меѓу повредените е и една тинејџерка.
Гладков истакна дека украинските сили денеска извршиле напади врз цели во пет окрузи на Белгородската област.