Бранислав Светозаревиќ Покорни, историчар, архивист, писател и родољуб гостуваше во поткастот НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.
Зборуваше за неостварената идеја за создавање МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСТВО во 1878-та година, факти соддржани во новиот, втор том на „МАКЕДОНЦИ, сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944г.)“ и за неговата јасна демистификација на бугарските лаги и мистификацијата во антимакедонските авантури на Милетич и Селишчев кои Бугарите со децении ги користат како „оче наш“ во ударот врз македонската вистина во „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“.
-Има многу нови прашања покрај литературата за Македонците и македонскиот јазик од 15-ти до 18-ти век. Тука имаме и многу интересни, на пример еден наслов е поврзан со проекциите за создавање на македонско кнежевство во периодот од 1875 до 1879 за време на источната криза. Значи, кога е создадено бугарското кнежевство големите сили размислувале за создавање на македонско кнежевство и ова кај нас речиси е непознато, рече Светозаревиќ.
Тој додаде дека најзасегнатите од нив се Австрија и Русија, затоа што имале амбиции да се симнат до Солун територијално преку своите влијанија.
-Отишле до таму тие преговори што Австријците одредиле и гувернер за македонското кнежевство, нивни генерал Хрват, затоа што го знаел јазикот, а Русите го определиле еден од браќата Петковиќ од Велес да биде нивни гувернер, е оставам деталите да ги прочитаат луѓето, но а каде пропаднала работата?
-Тие не се договориле кој да биде гувернер, а тоа значи кој да има влијание и рекле – добро овие нека се формираат другите, а Македонија ќе ја оставиме за понатаму. Арно, ама понатаму се создаваат мали држави со големи апетити на Балканот кои претендираат на останатиот дел од Европска Турција и доаѓаат до оние три окови што ги спомнавме на на почетокот, посочи авторот Светозаревиќ.
Историчарот истакна дека тука имаме и многу интересна македонска проекција, се појавува Димитрија Робев, амбициозен, моќен трговец во Европа, кој лобира тој да биде а кнез на на тоа кнежевство. Издава дури ги пронајдов пропагандни поштенски марки и ги имам дома во оригинал од тоа време 1878-та година печатен ги печател во Србија преговарал со грофот Игнатиев кој е директен создавач на на кнежевството Бугарија.
„Дури има и проекција на пример од американскиот колеџ во Цариград во тој во таа година предлагале да се формира „Македонско кнежевство“, неверојатни работи, а потоа за употребата на македонскиот јазик и борбата на Македонците и на револуционерната организација одредени војводи за создавање на македонски јазик, тоа што дури и во нашата наука не се споменува, а тука го има и ги пронајдов врските на Мисирков со одредени војводи од организацијата.
Некои војводи работеле против него, ама одредени војводи работеле со него за создавање на и печатење на таа книга и ги има деталите како се уапсени заедно во Софија, како „по бели гаќи“ ги однеле во затвор и потоа кога ги пуштаат им ја заробиле, им ја уништиле печатницата, печатениот материјал, а во тоа учествува и Министерството за одбрана на Бугарија“, додава во интервјуто.
Тој истакна дека тоа се според бугарски сведочења, зборувам сега, но малку познати во нашата јавност и како еден од нив оди во Прилеп и го издава списанието „Шило“ кое е на македонски народен говор со прилепски дијалект.
– Потоа тука се многу интересни на пример насловот, многу наслови има, немаме толку време, ама еве, ќе издвојам некои. Службената употреба на макеоднскиот јазик, службена, не во јавна употреба на македонскиот јазик во Соединетите Американски Држави и Канада од крајот на 19ти век до 1944 година. Што значи тоа?, запраша тој.
Во институциите се употребувал македонскиот јазик. во судовите, во полиција, во бирота за емиграција имало луѓе кои биле оспособени и биле преведувачи од англиски на македонски и обратно и тие учествувале во сите тие процеси и секаде стои македонски јазик.
„Имало приватни бироа кои се рекламирале дека дека преведуваат и на македонски јазик и сите тие а сведоштва ги има овде и фототипно за да секој може лично да прочита и да се увери во тоа.
Значи, иако не бил тоа меѓународно ниту кодифициран јазик, тој веќе од 1899 година колку што најдов најрано тој веќе се употребувал. Се извинувам и во црквите, значи во црквите, протестантските цркви, а на пример има реклами на каде се повикуваат верниците во весниците и се вели дека ќе се ќе се служи на македонски јазик.
Зарем тоа не е фасцинантно? А тоа воопшто не е чепнато од нашата наука?
А да не зборувам да речеме за насловот каде што а во првите години после Илинденското востание се употребува за тоа востание македонско востание или големото македонско востание затоа што едно востание во 1878-та имало и сега ова големото македонско востание го нарекувале. потоа еден наслов за улогата на Бугарија за време на Илинденското востание каде што потпишале договор со Османлиите да не им дозволуваат на македонските комити да ја пре префрлаат границата, да преминуваат преку граница и имало судири, вооружени судири од бугарската војска и граничари со македонските комисии.
Потоа има дека е тоа влезено во службен весник на Бугарија. Има фототипно, има благодарност на султанот за соработката против Македонците и не е тоа случајно затоа што Русија го барала тоа од Бугарија и тие тоа го спроведувале. Така што не можеме ние така да ги гледаме работите и не смееме да дозволиме да а и секој како поединец кога оди негде да му се држи некаква лекција од соседите кои сме и што сме“, потенцира Бранислав Светозаревиќ во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски.