Ракомет ја постигнаа и третата победа во плеј офот

Вардар без проблеми со комбинираниот состав на ГРК Охрид

Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ постепено го зголемуваа водството и на крајот стигнаа до најубедливите +10 (31:21) што беше и конечен резултат.

Вардар без проблеми со комбинираниот состав на ГРК Охрид

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и третата победа во плеј офот од Супер лигата откако вечерва на домашен терен го совладаа ГРК Охрид со 31:21 (17:12). Гостите од Охрид настапија со комбиниран состав, а најголемиот дел од првиот состав имаше „слободно“ во пресрет на саботниот дуел од ЕХФ Европскиот куп реванш четвртфинале со Олимпијакос.

И во такви услови гостите од Охрид поведоа со 7:5, но следуваше серијата од 5-0 за „црвено-црните“ и за водство од 10:7. На полувреме Вардар имаше позитива од пет голови 17:12.

Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ постепено го зголемуваа водството и на крајот стигнаа до најубедливите +10 (31:21) што беше и конечен резултат.

Урош Митровиќ кај Вардар и Дејан Кукуловски кај Охрид со по 6 голови беа најефикасни на натпреварот.

На чело на табелата е Вардар со 48 бодови, Еурофарм Пелистер има 42, Охрид 40, Алкалоид 38, Тиквеш 24 и Бутел 22. (МИА)

To top