Македонија Надежта мора да ја победи апатијата

Андоновски: Следува период на искрена борба за подобар живот

Следува период на искрена борба за подобар живот, каков секој еден граѓанин заслужува. Надежта мора да ја победи апатијата, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук новоизбраниот дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

Андоновски: Следува период на искрена борба за подобар живот

-На првиот работен ден се сретнав со млади луѓе од ИТ секторот на една од нивните омилени локации. Гледам амбициозност да ги менуваат работите.

Граѓаните со право сметаат дека никогаш не било полошо и дека системот е во распаѓање од катастрофата наречена СДСМ и ДУИ.

Му благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за номинацијата да учествувам во техничката влада за организирање избори. Тоа за мене е одговорност и должност. Особено должност да се заштити волјата на граѓаните од злоупотреба.

Во државните вработувања постапките се често незаконски, во голема мера без почитување на конкурс, критериуми и мерит систем. Од друга страна угнетувањето и злоупотребите на сите вработени во било која државна институција мора да биде минато.

Решение има, мораме да ги промениме работите. Наша обврска е да направиме сѐ што можеме да го воспоставиме функционалниот систем во јавната администрација. За почеток, во наредните 100 дена ќе работиме максимално посветено и одговорно на заштита од злоупотреби.

Следува период на искрена борба за подобар живот, каков секој еден граѓанин заслужува. Надежта мора да ја победи апатијата, пишува Андоновски во својата објава.

To top