Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.
“Чест и сила” – Првата пешадиска бригада, клучниот столб на македонската Армија.
Нека е честит Денот на Првата…
Posted by Vlado Misajlovski on Thursday, April 2, 2026
Поставувајќи високи стандарди и цврсти вредности, Првата пешадиска бригада секојдневно ја исполнува својата обврска кон заштита на Македонија, поддршка на македонските граѓани при природни катастрофи, развој на интероперативноста и зајакнување на колективната одбрана на Алијансата. Горди сме на храброста, професионалноста и посветеноста на припадниците кои секојдневно го штитат мирот и безбедноста на македонските граѓани, објави министерот.

Министерот Мисајловски на Денот на Првата пешадиска бригада објави уште една одлична информација за македонските граѓани.
-Денеска е објавен новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија, изјави Мисајловски.

Повик до сите млади граѓани на возраст од 18 до 25 години, да ја искористат оваа можност и да станат дел од македонската Армија во која тимската работа, дисциплината, личниот развој, и пред сѐ грижата за татковината е на прво место, потенцира Мисајловски.