Македонија

Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Мицкоски на поставување на камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2”

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на 400 кV далекувод од ТС „Битола 2” на граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе има обраќање пред присутните.

Во рамки на настанот се предвидени обраќања и на други високи претставници на Владата, како и на меѓународните партнери и поддржувачи на проектот, меѓу кои Европската банка за обнова и развој и Европската Унија.

Од АД МЕПСО, пак, посочуваат дека овој инфраструктурен зафат има особено значење за зајакнување на енергетската стабилност и унапредување на регионалната поврзаност.

Најнови вести од Македонија

To top