Македонија

Предлог-законот за здравствено осигурување на матичната комисија

Предлог-законот за здравствено осигурување на матичната комисија

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за здравство, на чиј днвен ред е Предлог на законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање.

Со Предлогот на закон за изменување на Законот за здравственото осигурување се врши усогласување со Законот за меѓународна и привремена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр.64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.45/25), каде е уредено дека лицата под привремена заштита имаат право на престој и згрижување во Република Северна Македонија во согласност со економските можности на Република Северна Македонија.

-Понатаму се врши усогласување и со одредбите на Законот за административни службеници ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.144/25 и 266/25), со што ќе се усогласат работните места на вработените во Фондот за здравствено осигурување кои имаат статус на административни службеници.

Предлог на законот за изменување на Законот за здравственото осигурување ќе биде и на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

Најнови вести од Македонија

To top