Фудбал Од 262,4 милиони фунти

Челзи пријави најголема сезонска загуба во историјата на англискиот фудбал

Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на Конференциската лига и пласманот на четвртото место во Премиер лигата со кое обезбеди настап сезонава во Лигата на шампиони.

Челзи пријави најголема сезонска загуба во историјата на англискиот фудбал

Лондонскиот премиерлигаш Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголем финансиски минус во една година во историјата на англискиот фудбал.

Претходната најголема загуба во една сезона во износ од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер Сити во сезоната 2010/11.

Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на Конференциската лига и пласманот на четвртото место во Премиер лигата со кое обезбеди настап сезонава во Лигата на шампиони.

„Оперативните трошоци се зголемија првенствено поради враќањето во европските натпреварувања, што значително ги зголеми трошоците за натпревари“, образложи Челзи. (МИА)

Теми на денот

To top