Свет Несогласувањата може да го одложат стапувањето во сила на законот

Франција ги ограничува социјалните мрежи за децата помлади од 15 години

Австралија во декември минатата година стана првата земја во светот што го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 16 години, во обид да ги заштити од штетна содржина и прекумерно време пред екран. ЕУ, исто така, се залага за поголема акција низ целиот блок.

Франција ги ограничува социјалните мрежи за децата помлади од 15 години

Францускиот Сенат вчера го поддржа планот за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, но сè уште не е дефинирано како ќе се спроведува.

Двата дома на францускиот парламент имаат различни ставови за законот. Националното собрание, кое го усвои предлогот во јануари, бара од платформите да ги избришат сите постоечки профили на деца под 15 години и да одбијат да регистрираат нови корисници под таа возраст. Нивниот предлог, исто така, вклучува забрана за употреба на мобилни телефони во средните училишта.

Од друга страна, Сенатотпредлага двостепен систем. Едната категорија би вклучувала платформи што се сметаат за штетни за „физичкиот, менталниот или моралниот развој“ на детето, додека втората категорија би можела да се пристапи со согласност од родителите. Предлогот на Сенатот, исто така, ги исклучува образовните платформи и онлајн енциклопедијата.

Несогласувањата може да го одложат стапувањето во сила на законот. А, исто така не е дефиниран метод како ќе се проверува возраста на корисниците на социјалните мрежи.

Француските пратениците во 2023 година донесоа закон со кој ќе се бараше согласност од родителот за лица под 15 години, но тој никогаш не стапи во сила бидејќи беше во спротивност со Законот за дигитални услуги (ДСА) на Европска Унија. Откако ЕУ ги измени своите упатства минатата година, на земјите-членки им е дадена поголема флексибилност да одлучуваат за сопствените возрасни ограничувања, без разлика дали тоа значи целосна забрана или бараше родителска согласност.

Австралија во декември минатата година стана првата земја во светот што го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 16 години, во обид да ги заштити од штетна содржина и прекумерно време пред екран. ЕУ, исто така, се залага за поголема акција низ целиот блок.

Европскиот парламент во ноември 2025 година предложи необврзувачка резолуција, со која се препорачува единствена минимална возраст од 16 години за пристап до социјалните медиуми, платформите за споделување видеа и асистентите за вештачка интелигенција. Според предлогот, децата на возраст од 13 до 16 години ќе можат да пристапат до платформите со согласност од родителите. (МИА)

To top