Скопје

Извршена пролетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територија на општина Илинден

Извршена пролетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територија на општина Илинден

Во рамки на програмата за заштита на населението од заразни болести за 2026 година, Општина Илинден успешно ја реализираше пролетната акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, со цел превенцијата и заштита на граѓаните од заразни болести.

Со оваа акција беа третирани 1073 шахти на јавните површини, со цел ефикасно намалување на присуството на глодари, додека дезинфекцијата опфати 3300 квадратни метри јавни објекти, меѓу кои Општинската зграда и Домовите на култура, простори од особено значење за секојдневниот живот на заедницата.

Оваа интервенција претставува уште еден доказ за посветеноста на Општина Илинден кон создавањето чиста, здрава и безбедна животна средина. Со континуирано спроведување на ваквите мерки, Општината останува посветена на штитење на јавното здравје и квалитетот на живот на граѓаните во сите населени места.

To top