Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека следат активности за уредување на просторот на парк-шумата на Водно.
Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. За скопјани – засолниште, инспирација и неизбежен дел од секојдневието.
Токму затоа, во пресрет на периодот кога значително се зголемува посетеноста, Град Скопје презема засилени и конкретни активности со цел да се подобри квалитетот на престојот и да се унапреди изгледот и функционалноста на оваа парк-шума.
-Веќе неколку дена се спроведува акција за кастрење на нараснатата вегетација, како и уредување на велосипедските патеки со ширина од 2,5 до 3 метри и должина 5 километри, со што значително се подобрува безбедноста и удобноста за сите посетители, наведе градоначалниот.
Дополнително, издаден е налог до ЈП „Паркови и зеленило“ за целосна реконструкција на урбаната опрема – обновување на клупите, кантите, мостчињата, патеките и останатите елементи, со цел Водно да добие уреден, безбеден и современ изглед, достоен за сите посетители, додаде Ѓорѓиевски.
Во насока на зголемена безбедност а во соработка со Црвениот крст, во текот на летниот период ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери, подготвени да интервенираат во евентуални непредвидени ситуации, потенцира Ѓорѓиевски во објавата.
Активностите на терен ги реализираат екипи од јавните претпријатија, кои се ангажирани секојдневно во одржување, уредување и заштита на просторот, со зголемен интензитет токму во овој период.
Остануваме посветени на заштитата и унапредувањето на Водно како едно од најзначајните природни богатства и омилено место за рекреација на граѓаните.
🏞️ Грижа за Водно, душата на градот!
🌳 Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Wednesday, April 1, 2026