Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго.
Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека нивниот долг живот има врска и со нивниот хороскоп. Според анкетите и статистиките, овие три знаци живеат најдолго:
Рак
Се верува дека многу Ракови живеат до длабока старост затоа што сакаат да водат здрав живот и се мотивирани да се обидат да живеат долго за да можат да останат со своите најблиски, особено децата, и да се грижат за нив, бидејќи се исклучително посветени на своето семејство.
Девица
Девиците се долговечни благодарение на нивниот организиран начин на живот и големата грижа за своето здравје. За многу Девици, правилната исхрана и вежбањето се начин на живот и не можат да замислат да живеат на друг начин. Тие се исто така доста смирени, а помалку стрес значи подолг живот.
Овен
Се прашувате која е тајната на Овенот? Од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст кон животот, што ги тера да се грижат за себе и за своето здравје за да уживаат во неговите придобивки што е можно подолго.
Официјалната листа на најдолговечни луѓе во светот потврдува дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго, а се води од 1955 година и ја подготвува Геронтолошката истражувачка група. Меѓу 59-те луѓе на листата, повеќето се родени под знакот на Рак (8), по што следат Девица (7) и Овен (7).