Свет Ербил

Напади со дронови во курдскиот регион во северен Ирак

Се уште не е утврдено кој стои зад нападите.

Напади со дронови во курдскиот регион во северен Ирак

Серија напади со дронови се извршени во северниот дел на Ирак.

Извори за германската агенција ДПА соопштиле дека во Ербил, главниот град на автономниот Курдистански регион, во текот на ноќта биле извршени напади со околу 20 дронови.

Од пад на остатоци од дроновите причинета е значителна материјална штета врз цивилни објекти во повеќе населби. Засега нема информации за загинати или повредени лица.

Се уште не е утврдено кој стои зад нападите.

Од почетокот на војната поврзана со Иран, иранско-курдските групи во Ирак се почесто се цел на напади од Техеран. Дел од неодамнешните напади во Ирак им се припишуваат на милиции поврзани со Иран.

Теми на денот

To top