Фудбал Завршните пет минути донесоа две изгледни шанси

Без голови на полувреме во Даблин

Ирска ја имаше почетната иницијатива, но првата посериозна шанса за гол дојде на спротивната страна, кога Келехер го одбрани обидот на Барди од слободен удар во 21 минута.

Без голови на полувреме во Даблин

Без голови е на полувремето вечерва на стадионот „Авива“ во Даблин, каде македонската фудбалска репрезентација ѝ гостува на Ирска во натпревар на двете поразени селекции во полуфиналните баражи за пласман на Светското првенство.

Ирска ја имаше почетната иницијатива, но првата посериозна шанса за гол дојде на спротивната страна, кога Келехер го одбрани обидот на Барди од слободен удар во 21 минута.

Во продолжението, од 24 до 26 минута, Ирците два пати се заканија кон македонскиот гол, но Димитриевски најпрво го скроти ударот со глава на Перот, а Азез беше непрецизен од слободен удар.

Завршните пет минути донесоа две изгледни шанси за гол на Ирска, но Перот во 39 минута од десетина метри го префрли голот на Димитриевски, а во 43 минута голот што го постигна беше поништен поради офсајд. (МИА)

To top