Ромелу Лукаку се опоравува од повредата на препоните која што сезонава му дозволи да одигра само седум мечеви, и сеуште не е 100% подготвен за да се врати на терен.
За време на репрезенаттивната пауза, тој доби повик за Белгија што нормално го одби, затоа што не е подготвен, но одби и да тренира со играчите кои што не се повикани за репрезентација и останаа во Наполи.
Клубот веднаш реагираше и ја соопшти оваа ситуација преку официјално соопштение.
Најпрво ќе следи суспензија најверојатно, а потоа и раскин на договорот. Лукаку пристигна во Наполи по 30 милиони вредниот трансфер од Челзи.