ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало повозрасни лица, лажно им се претставувало и ги доведувало во заблуда дека блиски членови на нивните семејства биле повредени во несреќи и треба да им се изврши операција, обидувајќи се да ги измами за поголеми суми на парични средства, додека пријавените К.Н. и Г.М. имале задача да ги земат парите, по што Г.М. ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија.
На тој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари.
На 19.02.2026, по преземени мерки, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода К.Н., кој во службен разговор во целост ги потврдил настаните. Два дена подоцна, на 21.02.2026, на Граничен премин Деве Баир од слобода бил лишен и Г.М., кај кого биле пронајдени и одземени 4400 евра, а кај неговата сопруга, која била со него во возилото, биле пронајдени и одземени 4.350 евра.