Македонија развој на позитивни вредности

ФОТО: Шаховски турнир во затворот „Шутка“

Овој турнир претставува уште еден чекор кон создавање подобри услови за напредок и успешно враќање на осудените лица во општеството.

ФОТО: Шаховски турнир во затворот „Шутка“

Турнир во шах наменет за осудените лица, со цел поттикнување на нивната ресоцијализација и развој на позитивни вредности, се одржа пред неколку дена во КПУ Затвор Скопје.

-Шахот како интелектуална игра придонесува за развој на концентрацијата, трпеливоста и стратешкото размислување, кои се од особено значење во процесот на личен развој и ресоцијализација. На настанот присуствуваа директорот на затворот Бобан Утковски, заменик-директорот Баки Мустафа и раководителот на одделение за третман -Христина Маринковска кои ја поддржаа иницијативата и ја истакнаа важноста на ваквите активности во рамките на установата, велат од Управата за извршување на санкции.

Овој турнир претставува уште еден чекор кон создавање подобри услови за напредок и успешно враќање на осудените лица во општеството.

Управа за извршување на санкции

Најнови вести од Македонија

To top