Скопје Општина Ѓорче Петров

Вистинска детска забава во Ѓорче: Маскенбал по повод 1. април

„Ова е ден посветен на најмладите – ден на смеа, забава и безгрижност. Ве очекуваме на највеселиот ден во годината“, порача градоначалникот.

Вистинска детска забава во Ѓорче: Маскенбал по повод 1. април

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за утре најави вистинска детска забава – маскенбал по повод 1. април.

„Подгответе ги најкреативните маски – на 1 април нè очекува вистинска детска забава! Домот на култура ќе биде исполнет со шеги, смеа, боја и енергија“, сподели Стојкоски во објавата на Фејсбук.

Тој исто така најави и награди за најкреативните маски, забава со жонглери, диџеј и улични артисти.

Маскенбалот ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот во Домот на култура во Ѓорче Петров.

„Ова е ден посветен на најмладите – ден на смеа, забава и безгрижност. Ве очекуваме на највеселиот ден во годината“, порача градоначалникот.

🎭 МАСКЕНБАЛ ВО ЃОРЧЕ

Подгответе ги најкреативните маски – на 1 април нè очекува вистинска детска забава! 🎉

Домот на…

Posted by Александар Стојкоски on Tuesday, March 31, 2026

Најнови вести од Скопје

To top