Владите на Европската Унија треба да се подготват за долгорочни нарушувања на енергетските пазари како резултат на војната со Иран, им порача денеска на министрите на земјите-членки комесарот за енергетика на ЕУ, Ден Јоргенсен, пред вонредниот состанок.
Во писмо до министрите, Јоргенсен рече дека последиците за снабдувањето со енергија на Европа засега се под контрола, но дека владите се „охрабрени да преземат навремени подготовки во очекување на потенцијално долготрајно нарушување“.
Министрите за енергетика денеска се состануваат на вонредна седница за да се справат со глобалниот недостиг од 11 милиони барели нафта и повеќе од 300 милиони кубни метри течен природен гас (ЛНГ) дневно.