Фудбал како и за Европското првенство во 2024 година

УЕФА нема да ги поскапи билетите за Евро2028

Билетите за секторите „Fans first“ и „Category 3“ ќе чинат 30 и 60 евра, колку што изнесуваат цените на Европското првенство пред две години во Германија.

УЕФА нема да ги поскапи билетите за Евро2028

Европската фудбалска федерација (УЕФА) не планира да ги зголеми цените на билетите за Европското првенство во 2028 година, објави денеска „Атлетик“.

Според истиот извор, цените на билетите во најприфатливите категории ќе останат на исто ниво како и за Европското првенство во 2024 година.

Билетите за секторите „Fans first“ и „Category 3“ ќе чинат 30 и 60 евра, колку што изнесуваат цените на Европското првенство пред две години во Германија.

Следното Европско првенство ќе се одржи од 9 јуни до 9 јули 2028 година, во Англија, Шкотска, Велс и Ирска. (МИА)

To top