Свет „Тоа не е британска војна“

Стармер: Велика Британија нема да распоредува свои трупи во Иран

Тој додаде дека Велика Британија ќе продолжи да ги брани своите интереси и активно ќе работи на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина, но децидно повтори дека земјата нема да стане директен учесник во воениот конфликт.

Стармер: Велика Британија нема да распоредува свои трупи во Иран

Британски трупи нема да бидат распоредени во Иран – изјави денеска премиерот на Велика Британија, Кир Стармер. Одговарајќи на новинарско прашање за евентуално испраќање војници во војната на Блискиот Исток, Стармер нагласи дека тоа не е британска војна и дека Лондон нема да дозволи да биде вовлечен во неа, пренесува Би-би-си (BBC).

Тој додаде дека Велика Британија ќе продолжи да ги брани своите интереси и активно ќе работи на повторното отворање на стратешката Ормуска Теснина, но децидно повтори дека земјата нема да стане директен учесник во воениот конфликт.

Според него, секоја преземена акција мора да има цврста правна основа и јасно разработен стратешки план.

Стармер појасни дека Лондон, во рамките на колективната самоодбрана со сојузниците во регионот, веќе презема мерки, кои вклучуваат соборување проектили лансирани од Иран. Исто така, британската влада на 20 март им овозможи на Соединетите Американски Држави користење на своите воени бази за операции насочени против иранската ракетна инфраструктура.

Иако првичната дозвола од Даунинг стрит беше ограничена на спречување ракетни напади, кои директно ги загрозуваат британските интереси или животи, министрите на состанокот одржан минатата недела се согласија американското користење на базите да биде проширено. Новата одлука сега вклучува и поддршка на операциите за заштита на трговските бродови што минуваат низ Ормуската Теснина.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top