Вести Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Дали СДС е свесен дека цената на ова што го збори е национално предавство и уништување на идентитетот и ставање на нова јамка на вратот на македонскиот народ како што веќе ставија со францускиот предлог и договорот со Бугарија? Ако сфаќа значи свесно прават предавство поради бизнисите на Заеви поврзани со бугарски фирми, ако не се свесни еве им објаснуваме барем на оние малкумина кои преостанале и кои слепо го следат двоецот Заев – Филипче да се освестат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венско Филипче.

Оваа слаткоречива изјава на Филипче полна со загриженост за иднината на народот е всушност параван за предавство.

Европската идеја е жива и ние достоинствено ќе ја браниме затоа што таа е идеја на почит, добрососедство и прифаќање на идентитетот на сите, а не потчинуванње и понижување на нашиот народ како што СДС тоа го замислува. Ние се бориме за решение кое ќе е достоинствено и нема да потклекнеме пред притисоците, предавствата и интригите на СДС кои се полоши и од оние кои сакаат наше обезличување.

Кога ви зборува Филипче само потсетете се кој е тој, какви се неговите морални вредности и со која екипа лојално и бескомпромисно ја уништуваше Македонија. Тоа се зборови на човек кој е потонат во криминал, без ронка респект кон својот народ и држава и кој спие на увото дека нашиот народ ќе ги заборави сите злодела што тој и Заев ги направија и дека има кратко памтење и повторно ќе го прелажат. Овие луѓе ги знаете, ништо добро Македонија не видела од нив. Ниту пак ќе види, сетои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

To top