Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска им порача на земјите од регионот на Персискиот Залив дека, „ако сакаат развој и безбедност“, не треба да дозволат иранските непријатели да водат војна од нивните територии.
Пезешкијан во објава на платформата „Икс“ истакна дека иранските власти „повеќепати нагласиле дека Иран не изведува превентивни напади“, но дека, како одговор на напади врз инфраструктурата и економските центри, ќе даде „решителен и разорен одговор на агресорот“.
„Им порачувам на земјите од регионот: ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите заеднички непријатели да оркестрираат војна од вашите територии“, заклучи Пезешкијан.