Свет

Иран денеска ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки

Иран денеска ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки, јави CBS News, повикувајќи се на свои извори.

Иран денеска ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки

Иран денеска ќе одговори на американскиот мировен план од 15 точки, јави CBS News, повикувајќи се на свои извори.

Американскиот претседател Доналд Трамп и највисоките претставници на Белата куќа биле информирани дека иранскиот контра-предлог најверојатно ќе пристигне во текот на денешниот ден, пренесе Би-би-си.

Ова доаѓа откако американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека „земји посредници“ пренесуваат пораки, тврдејќи дека е постигнат „одреден конкретен напредок“. Деталите за предложениот американски план од 15 точки, објавени од израелската мрежа Channel 12, вклучуваат крај на иранската нуклеарна програма, крај на програмата за балистички ракети и прекин на поддршката на Иран за „прокси милициите“ како Хутите во Јемен и Хезболах во Либан.

Првично, Иран целосно го отфрли американскиот план, нарекувајќи го „претеран“. Меѓутоа, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи подоцна за државната телевизија изјави дека „одредени идеи“ им биле предложени на високите лидери на земјата – и „доколку треба да се заземе став, тој со сигурност ќе биде одреден“.

Иранските државни медиуми наведоа пет услови за ставање крај на војната, кои вклучуваат исплата на воена отштета, меѓународно признавање на „сувереното право на Иран да има власт над Ормуската Теснина“ и гаранција дека Иран нема да биде нападнат повторно.

To top