Свет

УНИЦЕФ: Повеќе од 370.000 либански деца се раселени поради израелските напади

Од почетокот на интензивните израелски напади, за само три недели, над 370.000 деца од Либан биле принудени да ги напуштат своите домови, соопшти Фондот за деца на Обединети Нации (УНИЦЕФ).

Израел почна жестоки воздушни напади и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах го нападна Израел како одговор на неговиот напад врз Иран. Израелските сили им наредија на Либанците да ги напуштат своите домови во област што опфаќа околу 15 проценти од територијата на земјата, вклучувајќи го целиот јужен дел на земјата.

Претставникот на УНИЦЕФ во Либан, Марколуиџи Корси, нагласи дека обемот на раселување е „зачудувачки“, при што 19.000 деца мора да ги напуштат своите домови секој ден. Многу од нив веќе се раселени втор или третпат, по конфликтите во изминатите години.

Според податоците на УНИЦЕФ, од почетокот на најновата ескалација, најмалку 121 дете починало, додека 399 се повредени.

Голем број цивили се соочуваат со небезбедни услови за живот во повеќе од 660 колективни засолништа, претежно сместени во училишта.

– Поради ова, образованието на повеќе од 150.000 ученици беше прекинато, изјави претставничка на УНХЦР, Каролина Линдхолм Билинг.

To top