Фудбалската федерација на Македонија ги испочитува навивачите и им упати благодарност за огромната поддршка на натпреварот од полуфиналето во баражот за Мундијалот против Данска.
И покрај поразот од 4-0 на фудбалерите, поддршката од трибините не изостана.
Околу 2.000 навивачи имаше Македонија на „Паркен“ во Копенхаген а ФФМ реши да им посвети објава за благодарност.
„Искрена благодарност до сите навивачи на македонската репрезентација, вашата поддршка е мотив да станеме посилни“, напишаа од федерацијата.