Хроника Царинска управа

Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.

Откриени 580 парчиња куршуми во автобус, двајца осомничени лишени од слобода

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце. Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.

Делото е откриено на 26-ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола.

Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.

Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните.

Најнови вести од Хроника

To top