Република Општина Битола

Младински политики по мерки на младите

Поздравни обраќања имаа и Емилиа Ѓероска претседателка на здружението и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.

Младински политики по мерки на младите

На завршниот настан на проектот „Младите и менталното здравје“ во кој Општина Битола е партнер, а истиот се спроведуваше во соработка со
битолските средни училишта и средношколските психолози, свое обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Тој го отвори настанот и ги поздрави младите кои беа учесници на овој завршен настан, што го организираше Здружението на граѓаните за
унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Поздравни обраќања имаа и Емилиа Ѓероска претседателка на здружението и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.

Панел дискусијатаа беше на тема „Младите и менталното здравје-што се случува во пракса“, а настанот беше збогатен со драматизација, рецитал, музичка изведба, споделување на искуства и изложба.

Градоначалникот на Битола ја повтори поддршката што Општина Битола ја дава на младите преку различни форми и содржини, а го истакна и
значењето на Советот на младите кој како тело функционира во рамките на Општина Битола.

To top