Свет работна посета

Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7

Фокусот на разговорите е на војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици на глобално ниво.

Рубио пристигна во Франција за состанокот на Г7

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Франција за да учествува на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7.

Фокусот на разговорите е на војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици на глобално ниво.

Ова е прва странска посета на Марко Рубио откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Иран.

Се очекува Рубио да разговара со министрите за надворешни работи на Германија, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Италија и Јапонија за тоа каква помош нивните земји се подготвени да им обезбедат на САД за отворање на Ормуската Теснина.(МИА)

To top