Селекторот на Данска, Брајан Ример, повика на смиреност и претпазливост по убедливата победа над Македонија од 4-0 во Копенхаген нзјави дека ништо сè уште не е решено во борбата за пласман на Светското првенство 2026.
И покрај тоа што Данците се само еден натпревар од директен пласман на мундијалот, Ример јасно стави до знаење дека неговиот тим нема намера да се опушти или предвреме да слави.
„Во овој момент немаме освоено ништо. Одигравме само еден натпревар и го добивме резултатот што ни овозможува да го играме второто полувреме од овој двомеч, односно финалето во баражот“, изјави селекторот.
Тој додаде дека фокусот сега е целосно насочен кон подготовката за решавачкиот дуел, кој ќе го одреди патникот на Светското првенство.
„Следува период на опоравување, а потоа и завршување на започнатата работа. Само така можеме да ја оствариме целта“, потенцираше Ример.