Фудбал

Чурлинов: Овој пораз не треба да нè разочара

Чурлинов: Овој пораз не треба да нè разочара

По поразот од Данска на „Паркен“ во  свој коментар за мечот даде и репрезентативецот Дарко Чурлинов.

„Првото полувреме го одработивме добро, во вториот дел направивме една грешка и таа не чинеше многу. Повеќе од тоа нема што да се каже. Во првиот дел ривалот не направи повеќе од нас и тоа е тоа. Нема на што да сум лут, дојдовме тука да победиме, но не успеавме. Тоа е дел од спортот и одиме понатаму. Тажен сум, но и разочаран затоа што не пројдовме понатаму. Сите имавме грешки, од прв до последен, мора да си ги признаеме тие работи, не е ништо да се крие. Не сметам дека овој пораз треба да не турне надоле или такво нешто, затоа што тоа би било погрешно“, смета Чурлинов.

To top