Фудбал

Реал Мадрид преговара да го доведе во своите редови Родри

Реал Мадрид преговара да го доведе во своите редови Родри

Фудбалерот на Манчестер Сити и освојувач на Златната топка, Родри, даде обемно интервју за „Радиоестадио Ноче“ на шпанската радио станица „Онда Серо“.

Во него, 29-годишниот играч од средниот ред ја отвори вратата за драматично враќање во шпанската престолнина.

Шпанскиот репрезентативец не ја криеше својата амбиција да се врати во Ла Лига и јасно стави до знаење дека неговото минато во Атлетико Мадрид не е пречка за евентуален трансфер во „кралевите“.

Фактот што играв за Атлетико Мадрид не ме спречува да играм за Реал Мадрид. Има и други играчи кои поминале низ овој пат – не директно, туку со текот на времето“, рече играчот од средниот ред. Родри ги коментираше и гласините за интерес од страна на раководството на „кралскиот клуб“:

To top